Aktualno
-
ДОСЕГА НЕВИДЕН ОГЛАС ЗА АВТОМЕХАНИЧАР НА НАШИТЕ ПРОСТОРИ: Сопственикот заедно со платата дава и трособен стан во центар!
Дополнително, работодавачот нуди „добар приход во зависност од тековните компетенции и постигнатиот учинок и вработување на неопределено време“.
-
НЕМА ВЕЌЕ ЏАБОЛЕБАРЕЊЕ, КОЈ ОДБИВА РАБОТА - ОСТАНУВА БЕЗ СОЦИЈАЛНИ БЕНЕФИЦИИ: Германците ги заострија правилата, го укинуваат и месечниот бонус од 75 евра
Бидејќи многу луѓе во Германија се на социјална помош, често се случува да одбијат работа, само за да добијат парична помош за сè уште неработење. Сепак, правилата се сменија, што значи дека на секој што ќе направи такво нешто ќе му биде ускратена оваа социјална помош.
-
Збогум на големите екрани во возила: Поради новите европски правила, тие наскоро ќе станат минато
Зголемувањето на популарноста на огромните екрани во автомобилот дојде на сметка на копчињата, што им отежнува на многу возачи да користат одредени функции додека возат, но тоа наскоро би можело да се промени.
-
Данска го зголемува бројот на млади регрути за воена служба, вклучително и жени
Данска сака да го зголеми бројот на млади луѓе кои служат во војската со проширување на воената обврска за жени и продолжување на службата од четири на 11 месеци за двата пола, изјави денеска данската премиерка Мете Фредериксен.
-
Младите во Македонија го напуштаат домот на своите родители нa 32,1 години
За разлика од поразвиените земји во Европа, младите на Балканот доста доцна ги напуштаат домовите на своите родители и стануваат независни, покажува истражувањето на Евростат, според кое младите во Северна Македонија го напуштаат домот на своите родители нa 32,1 години, јави дописникот на МИА од Белград.
-
„Не успевам да заштедам ни 200 евра месечно“ – печалбарот Александар си ја отвори душата
Александар е млад битолчанец кој пред некое време решил да ја напушти својата татковина и да започне нов живот во Франција со надеж дека ќе ја подобри својата финансиска состојба.
-
„За оценките ќе се жалите кај „ChatGPT"“: Се подготвува софтвер кој ќе ги замени наставниците во оваа работа
Новиот софтвер им овозможува на наставниците да користат вештачка интелигенција за да ги оценат тестовите.
-
Дали често се чувствувате уморни? Експертите споделуваат 4 причини зошто е тоа така
Ако сте секогаш уморни, не сте сами. Четириесет проценти од возрасните велат дека заморот ги попречува нивните секојдневни активности најмалку три дена во неделата, според Националната фондација за спиење.
-
Јагниња има, ама луѓето немаат пари – сточарите бесни на откупувачите
Во месарниците низ целата земја, јагнешкото месо се продава по многу високи цени, а тоа предизвикува недоволство кај сточарите, но и кај потрошувачите.
-
Знаете ли дека можете да предвидите кога сте подготвени да ги оставите цигарите?
Пробавте да се откажете од пушење, но не ви одеше? Постои рационално објаснување зошто не сте успеале во тоа. Не затоа што престанувањето на пушењето е невозможно, туку веројатно не сте биле подготвени за тоа.
-
Два, три, четири часа: Дали филмовите се ПРЕДОЛГИ за брзото време во кое живееме?
За да ги гледате сите филмови за Хари Потер, треба да одвоите 1.179 минути, што е речиси 20 часа. За да го погледнете (ако веќе не сте го гледале) Оскаровецот „Опенхајмер“ ќе треба да одвоите три часа, а така беше случај во најголем дел од сите овогодишни фаворити во трката за престижната награда.
-
Пластиката произведена од луѓето, тежи повеќе од целиот животински свет на планетата Земја
Пластиката е неверојатна. Тоа помага да се испрати свежа храна низ целиот свет, да нè загрее (или олади), овозможува безбедно да се доставуваат лекови и вакцини до милијарди луѓе. Но, сè почесто се наоѓа таму каде што не и е местото - во нашата земја, во океаните и во стомаците на птиците, цицачите и рибите.
-
Бананите ќе поскапат: Цените на омиленото овошје ќе се зголемуваат поради климатските промени
Цените на омиленото овошје, бананите, се повеќе ќе растат како што се зголемува глобалната температура поради климатските промени, беше кажано на Светскиот форум за банани во Рим.
-
700 деца се иселиле од училиштата во Македонија во првото полугодие
Македонија има сериозен проблем со младинската емиграција, задржување на младото население во државата и општото стареење на населението. Покрај високата невработеност кај родителите, условите во образованието дополнително влијаат врз овој неповратен губиток.
-
Занаетчиите станаа ендемски вид: Младите не сакаат да работат ниту за 150 евра дневница, старите мајстори работат и кога се во пензија
Најголемиот дел од младите во Македонија сонуваат да работат во ИТ секторот, правото и економијата, но не и во занаетчиството затоа што сметаат дека е тешко и неисплатливо иако во последните 10 години дефицитот на квалитетни кадри и побарувачката за нив беа причина одредени занаети да се меѓу најплатените професии.
-
Топ три европски града кои можете да ги видите за првомајските празници за помалку од 200 евра
До првомајките празници остана нешто помалку од два месеци, па многумина уште сега планираат како најдобро да ги искористат неработните денови. Мај е идеално време за патување и посета на европските градови, а каде ќе се упатите зависи од времето и, секако, од парите кои сте спремни да ги издвоите.
-
Од Лондон до Скопје 300 евра, а од Лондон до Приштина само 30 евра – празнично поскапување на авионските билети
Македонските иселеници во Англија се соочуваат со големи предизвици при купувањето авионски билети во период на празниците во својата татковина.
-
Електронските цигари во некои држави се забранети, а во многу не постојат никакви регулативи: Дали треба да има промени и кај нас?
Светската здравствена организација (СЗО) ги повика владите да ги третираат електронските цигари, познати и како „вајп“ уреди, слично на тутунските производи и да ги забранат сите вкусови.
-
Во државата лани се затвориле 4.330 фирми
Во текот на минатата, 2023 година во државата се затворени 4.330 фирми. Оваа бројка, сепак е во намалување, особено ако се спореди со 2021 кога биле затворени 6.993 и 2022 година кога престанале да работат 6.857 фирми. Меѓу згаснатите доминантно е учеството на трговските фирми, затоа што се смета дека таа дејност овозможува солидна и брза заработка.
-
Суплементите може да сокријат многу штетни состојки: Обрнете внимание!
Две студии покренаа загриженост за скриените состојки во додатоците кои можат да бидат опасни по здравјето.