News
-
Колку ќе го чини едно семејство празничната софра?
Маркетите, пазарите и месарите се полни со производи, плановите за тоа што ќе има на новогодишната трпеза веќе почнуваат да се „кројат“.
-
На што најмногу се жалат граѓаните на мејл адресата на Град Скопје?
Најголем број од барањата се однесуваат на субвенции за велосипед, сообраќајни проблеми, пресметки на комуналии, барања до ЈП „Паркови и зеленило“ за уредување на парковите и зелените површини, утврдување на незаконски градби по кои барања е даден налог до инспекторите да постапуваат.
-
Новогодишни донации на ЕВН Македонија
За време на новогодишните празници, ЕВН Македонија традиционално донира пакети со храна на Македонската православна црква (МПЦ), Исламската верска заедница (ИВЗ) и Католичката црква. Покрај верските заедници ЕВН во своите редовни филантропски активности низ годината вклучува различни организации кои работат со ранливи категории граѓани.
-
Центарци ја добија својата еко елка висока 5 метри
Новогодишна еколошка елка висока 5 метри е поставена во Дебар Маало кај кружниот тек близу Општината. Таа е изработена од повеќе од 500 употребени зелени пластични шишиња. Светлата на елката официјално ќе бидат вклучени во 16.30 часот.
-
По 300 евра за грѓаните на Црна Гора што беа во самоизолација, а нивните имиња беа јавно објавени
Црногорската влада синоќа се согласи да склучи спогодба со граѓаните кои беа во самоизолација, чии имиња беа објавени во јавноста и да им исплати по 300 евра. За таа цел државата ќе треба да одвои 816.000 евра.
-
СПРЕМЕТЕ НЕРВИ ЗА ДЕНЕС! Ќе се исклучат семафорите во Центар
Од ЈП „Улици и патишта“ по најавите на ЕВН дека дел од семафорите во централното градско подрачје од 8 часот наутро до 15:30 нема да работат, ги повикуваат надлежните за регулирање на сообраќајот, односно МВР, да не дозволат да се направи голем метеж низ градот во овој период од денот.
-
Можно е укинување на евтината дневна тарифа на струјата
Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, најави можно укинување на евтината дневна тарифа на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи.
-
Дали по Нова година ќе поскапи и парното!?
Дали по ценовниот шок со струјата, не очекува и ценовен шок со парното?
-
Од утре нови мерки во Грција: Еве какви се новите препораки!
Грција - Силна препорака туристите да се тестираат на вториот и четвртиот ден по пристигнувањето; задолжителна маска и на отворено и на затворено; задолжителна двојна маска или КН95 во супермаркетите и јавниот превоз; откажување на сите јавни собири за празниците; силна препорака за тестирање пред празничните собири, се новите мерки на грчката Влада што од утре стапуваат во сила во Грција.
-
Кадир Мерцедес го „вози“ својот импровизиран автомобил, редовно го сервисира и прописно го паркира
Кадир, 34-годишен маж, живее во градот по име Малатија во Турција. Традиционално, секојдневието на големите градови како овај е една хаотична слика каде владее сообраќајниот хаос. Луѓето постојано доаѓаат и си одат, никогаш не поминуваат премногу време на едно место, брзаат да присуствуваат на состанок или ги земаат децата од училиште. Сепак, зафатените луѓе во овој космополитски град одвојуваат малку од своето време за да го поддржат својот сограѓанин Кадир.
-
Поставени заштитни столпчиња - нема веќе паркирање на коловозот пред „Силбо“
Се поставуваат заштитни столпчиња на улицата „Костурски Херои“, на потегот од улица „Радњанска“ до вклучувањето во булеварот „Партизански Одреди“, кај „Силбо“.
-
Со регулација на нестaндардните форми на вработување до нови работни места
Со новиот закон за работни односи прецизно и јасно се регулирани нестандардните форми на вработување, со што работните процеси ќе бидат прилагодени на новите потреби на пазарот на трудот, изјави министерката за труд и социјална работа. Таа истакна дека истовремено правата на работниците ќе бидат целосно заштитетни, бидејќи ќе бидат отстранети сите можности за злоупотреба и манипулација.
-
Електронските цигари ќе може да се употребуваат и во затворени објекти
Несогорливите тутунски производи и уредите за нивно загревање не спаѓаат под забраната за пушење од член 3 став 1 од Законот за заштита од пушењето. Вакво мислење на Министерството за здравство усвоила Владата на вечерашната седница.
-
Од 1 јануари ново поскапување на цените на храната или повлекување на некои производи од рафтовите
Производителите најавуваат драстично зголемување на цената на гасот од 1 јануари што ќе предизвика ново зголемување на цените на основните прехранбени производи. Доколку не се преземат некои мерки како замрзнување на цените на енергенсите, суровините, пуштање на државни резерви во оптек ќе следува ново зголемување на цените или повлекување на некои производи од рафтовите
-
Ново правило на ниво на ЕУ: Ковид-сертификатите важат 9 месеци, а со бустер доза неограничено
Европската комисија денеска донесе регулатива за важност на ковид-сертификатите во период од девет месеци, односно точно 270 дена од примарната вакцинација
-
Во единствената Академија за Пица мајстори во Македонија се обучија првите лица со оштетен слух
Сопственикот на лиценцата врвниот маестро Зоран Јовановски тогаш ни раскажа дека со голем ентузијазам ја отворил Академијата во Македонска Каменица и тогаш зборуваше за студенти, кои доаѓаат од цела Македонија но и од странство
-
Анализа: Се ближат новогодишните празници – дали замрзнатите цени на храната ќе ја „одмрзнат“ трпезата
Цените на основните прехранбени производи се „замрзнаа“ – но оваа мерка засега е со важност до крајот на јануари. Економистите велат дека привремено – стандардот ќе се заштити, но мерката може да има и контраефект. Домашните и странските прогнози упатуваат на тоа дека ценовниот раст ќе се прелее и следната година. Оваа економска година – дел од производите достигнаа ценовен пик.
-
Утре без струја делови од неколку скопски општини
Причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето веќе закажани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.
-
Дел од граѓаните не купуваат кеси за отпад, ѓубрето го фрлаат директно во канта
Сликата што во последно време може да се забележи во населбите каде што има куќи и каде што секое домаќинство си има сопствена канта за отпад е неправилно складираното ѓубре, кое се „разлетува“ по улиците од камионите за собирање отпад.
-
Германија воведува „лесен локдаун" од 28 декември
Властите во Германија планираат да воведат „лесен локдаун" од 28 декември, и покрај прелиминарни планови да не ги заоструваат ограничувањата за вакцинираните и оние кои прележале Ковид-19