News
-
Доколку работите за Водици ви следува празнична дневница
Пристигнати се околу 40-тина пријави од работнички од речиси сите општини во земјава дека утре ќе работат за време на православниот празник Богојавление – Водици, вели Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“-Штип. Таа појаснува дека сопствениците на фабриките согласно Законот не пријавуваат во Државниот трудов инспекторат оти утре нивните работници ќе бидат на своите работни места и ќе тече производството, но на работниците доколку се на работните места и за нивниот труд им следува празнична дневница.
-
Ќе остане ли недела неработен ден?
Работниците ќе излезат на улица ако Уставниот суд ги поништи законите за недела-неработен ден. Од Сојузот на синдикати на Македонија со остра реакција на иницијативата на бизнис секторот за оценување на уставноста на донесените закони.
-
Следува измена на наставните програми со цел завршување на учебната година на 10 јуни
Владата на вчерашната седница донесе Одлука за утврдување на бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во основните училишта во услови на вонредни околности.
-
Европската унија ќе ги менува етикетите за храната
Нови промени доаѓаат од Брисел во означувањето на рокот на траење на прехранбените производи. Европската комисија ќе ги менува ознаките „најдобро да се употреби до“ бидејќи во нив го гледа виновникот што во Унијата 20 отсто од храната завршува во отпад. Европската комисија затоа се движи кон промена на ознаките „да се употреби до“ и „најдобро да се употреби до“ бидејќи анкетата покажа дека половина од граѓаните не ја разбираат разликата.
-
ЈСП утре ќе вози по неделен возен ред, со исклучок на неколку линии
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека утре, среда (19.01.2022 год), поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред.
-
Работа за кандидати во Куманово - имаме потреба од Контролор во сектор за управување со квалитет
- бараме кандидати со или без работно искуство
-
ДЗС: Ќе се градат 1.284 станови во ноември, издадени 406 одобренија за градење
Во ноември 2021 година се издадени 406 одобренија за градење, што е за 95,2 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.
-
Стопанската комора пред Уставен ја оспори „недела – ден за одмор"
Стопанската комора ги оспорила пред Уставен суд законските одредби со кои неделата беше прогласена за неработен ден. Како што соопштија од Уставен, Стопанската комора ги оспорила измените и дополнувањата во Законот за работни односи како спротивни на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните.
-
Македонците од утре ќе можат да влезат во Бугарија - Еве ги условите!
Од 20 Јануари, Македонските државјани ќе можат да влезат во Бугарија.
-
Второто полугодие почнува од 1 февруари, учебната година ќе заврши на 10 јуни
Одложувањето на почетокот на второто полугодие нема да влијае на крајот на учебната година и со адаптација на наставните планови таа ќе заврши на 10 јуни како што е и предвидено во календарот за наставна програма.
-
Meta вработува 10.000 кандидати за работа од дома
Само на крајот на 2021 година, на Германија и недостасуваа дури 96.000 експерти од ИТ индустријата. Некогаш Фејсбук, а сега Мета, кога зборуваме за компанијата, но не и за социјалната мрежа која го задржа своето име - има големи планови за 2022 година, барем судејќи според она за што се зборува и пишува деновиве.
-
Ја тужел компанијата затоа што работата му била здодевна, и го добил случајот
Еден човек од Париз ја тужел компанијата во која работел бидејќи работата му била здодевна и се чувствувал како да не ја заработил платата.
-
Пристигнаа новите цени на горивата!
Поскапуваат бензините и дизелот!
-
Coca-Cola се заложи да исчисти 15 од најзагадените реки во светот
Компанијата за безалкохолни пијалаци Coca-Cola склучи партнерски договор со еколошката организација за чистење на океаните од пластика, The Ocean Cleanup, при што зеде обврска да исчисти 15 од најзагадените реки во светот кои придонесуваат кон загадувањето на океаните со пластика.
-
Нов играч влегува на европскиот пазар на автомобили: Нуди рекордна гаранција од 10 години
Виетнамскиот производител на автомобили Vinfastт има намера да дојде во Европа, а една од почетните точки за успех ќе биде гаранцијата од 10 години
-
Сè уште се чека да профункционира системот за изнајмување велосипеди како алтернативен превоз
Во услови на рекорден број на регистрирани автомобили на скопските улици и константно намалување на бројот на превезени патници во јавниот превоз, во Скопје веќе четврта година по ред не функционира системот за изнајмување на велосипеди.
-
Дел од факултетите сами ќе одлучуваат како ќе продолжат предавањата
Дел од факултетите и овој семестар сами ќе бираат како ќе продолжат со академската година – онлајн, со физичко присуство, или пак комбинирано.
-
Охрид подготвен за Водици, се чистеше езерото и се украсува градот
Се чисти дното на Охридското езеро, Охрид се подготвува за големиот празник Богојавление - Водици. Иако со скратена програма поради ковид пандемијата, осветувањето на водите на Охридското Езеро и одбележувањето на големиот верски празник оваа година ќе се одржи.
-
Економските активности во ТИРЗ во 2021 година се највисоки досега од постоењето на Зоните
Економските активности во ТИРЗ во 2021 година се највисоки досега од постоењето на Зоните, а со новиот концепт за привлекување на инвестиции воведен пред една година се постигнати договори од речиси 190 милиони евра, покажува годишната анализа.
-
Голема експертска анализа: Дали доаѓа крајот на пандемијата?
Никој во последните две години не се запрашал дали пандемијата конечно заврши и кога конечно ќе можеме повторно да живееме нормално. И двете прашања ги поставил на експертите и добил одговори „многу брзо“.