News
-
ЕУ воведе ново правило за возачите на камиони!
Денеска стапија на сила новите правила на Европската Унија кои го регулираат транспортниот пазар.
-
Цените на храната пораснаа во јануари
Зголемените цени на храната придонесуваат за општиот пораст на инфлацијата, а ФАО предупредува дека зголемените трошоци ги ставаат на ризик посиромашните луѓе во земјите кои се потпираат на увоз.
-
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за јануари годинава.
-
Се отпуштаат работници поради скапите пластични кеси!
Скапите пластични кеси го земаат данокот: Една фабрика се затвори, една го преполови бројот на вработените…
-
Во Словенија отсега патарина се плаќа само со е-вињетки
Во Словенија од вчера веќе не може да се купи вињетка и да се залепи на ветробранското стакло, како начин на плаќање патарина.
-
Решенијата за изолација ќе бидат испорачани преку веб-платформа со целосна заштита на личните податоци
Државниот здравствен и санитарен инспекторат, во консултација со Министерството за здравство, со Агенцијата за заштита на личните податоци и со Владата го изготвува дигиталниот модел за испорака на информациите и решенијата за изолација до граѓаните заради утврдена инфекција или заради контакт со позитивен од ковид-19.
-
Германија забрани да се емитува руска телевизија
Комисијата за регистрација и надзор на германскиот медиумски регулатор МАББ го забрани емитувањето на телевизијата РТ ДЕ во земјава поради немање лиценца.
-
Дизелашите ја загубија „битката“ со хибридите
Во 2021 година во ЕУ биле продадени 48 хибриди повеќе од возила со дизел мотори.
-
Угостителите се жалат: Со КОВИД-инспекторите доаѓаат "до заби вооружени" полицајци
Бројни полициски сили беа забележани во анти-ковид акциите викендов во Куманово. Полициски единици со панцирни елеци и оружје учествуваа во обезбедувањето на пазарните инспектори кои извршија десетици контроли низ целата држава. Некои од угостителите се жалат дека тоа предизвикало страв кај клиентите. Во Куманово викендов беа затворени 4 локали.
-
Две големи скопски општини денеска без струја!
Две големи скопски општини денеска без струја!
-
ESI за потребите на своите реномирани клиенти ВРАБОТУВА на 10 позиции
ESI (Employment Services International) за потребите на своите реномирани клиенти ВРАБОТУВА на повеќе позиции:
-
Поради работа или образование дел од Македонците од Албанија мигрираат во Македонија
Долги години, дел од Македонците од Албанија поради работа и образование, а со цел обезбедување на подобри услови за живот, мигрираат во Македонија. Оваа појава не е масовна, но сепак постои.
-
Компаниите кои добиле субвенција од шестиот пакет, а не ги исполниле обврските треба да вратат дел од парите
Компаниите кои добиле финансиска поддршка преку шестиот пакет мерки, а не го исполниле условот за претворање на поддршката во грант, треба да вратат 20 проценти од добиената поддршка доколку го задржале истиот број на вработени или 50 проценти од поддршката ако имаат намалување на бројот на вработени.
-
Ќе се олесни ли вадењето на документи од матичната служба!?
Министерот за правда напомена дека изминатите денови имал средба со директорот на службата за матична евиденција, со кој се разговарало системски да се олесни издавањето на извод, венчаница, посмртница.
-
Берово доби мерна станица и го сруши митот за чист планински воздух во градот
Берово доби мерна станица за мерење на квалитетот на воздухот и првичните резултати го срушија митот за чистиот планински воздух во овој град.
-
СОНК бара онлајн настава, лекарите велат дека треба да се навикнеме на новата нормалност
Претседателот на СОНК во Топ Тема на која за дискутираше за продолжувањето на школската година со физичко присуство, рече дека синдикатот нема никаква улога во процесот за одлучување. СОНК ја поздравија одлуката за продолжување на зимскиот распуст за две недели, но сметаат дека моменталната ситуација не е погодна за продолжување на наставата со физичко присуство.
-
Месото стана луксуз, пилешкото стигна до 200 денари, а за свинското и јунешко треба да си богат!
Месото стана луксуз. Од месарниците најавуваат дека откако ќе се одмрзнат цените, месото повторно ќе поскапи. Освен на пилешкото кое од јули до сега од 120 стигна до 190 денари за килограм, ќе расте и цената на свинското и на јунешкото, кое сега се продава по 500 денари за килограм. Во моментов, еден килограм свинско прва категорија чини 330 денари, а претходно беше 290 денари за килограм, јунешкото од 390 е качено на 510 денари, а поскапени се и смесите за плескавици и за ќебапи по 20 до 30 денари за килограм
-
Ќе има ли проширување на листата за лекови кои се на товар на Фондот за здравство?
Највозрасните, кои и најчесто се разболуваат, не можат да си дозволат поквалитетни лекови, затоа што немаат пари да ги платат. Такви се над 230 илјади пензионери, кои месечно живеат со 16.000 денари.. Од нив, речиси 90.000 земаат пензија до 11.000 денари.
-
Решенијата за изолација ќе се објавуваат на веб-страницата на ДСЗИ
Причина за ваквата измена е зголемениот број граѓани за кои се определува мерката изолација и поради намалениот број денови за изолација, а со цел брз проток на информациите, намалување на временската разлика меѓу моментот кога е констатирана потребата од изолација, издавањето на решението за изолација и неговото објавување Ќе постои можност да биде издадена потврда дека е издадена јавна објава за изолација на писмено барање на граѓаните
-
„Грин Машинс“ од Велес годинава ја стартува со испорака на возила во Франција
Овa се еколошки и поатрактивни возила кои ги исполнуваат сите критериуми на системот за управување со квалитет и животна средина. Во светски рамки, „Грин Машинс“ преку овие возила ја промовира програмата за инвестиција во животна средина.