News
-
Аплицирала за работа, одговорот го добила по 50 години
70-годишната Тизи Ходсон од Гедни Хил, Линколншир, останала вчудовидена кога неодамна ја отворила својата пошта и открила писмо кое го испратила пред скоро пет децении. Писмото било нејзината апликација за работа како каскадер на мотоцикли, испратена во јануари 1976 година, и стоело зад фиоката за пошта во сите тие години.
-
Македонија кубури со работници – во овие три сектори е најсташно
Недостигот на работна сила станува сè позабележлив во неколку клучни сектори на македонската економија: градежништвото, угостителството и во производството.
-
Во Врање по сувомесни производи и сирење, а во Урошевац по гардероба и чевли
Македонците сè уште одат на пазарење и на шопинг во Врање и во Урошевац. За разлика од Врање, каде одат на пазарење, односно купуваат основни прехранбени производи, најчесто сувомесни производи, сирење, кајмак… во Урошевац купуваат гардероба и обувки.
-
Од 10 ноември за влез во ЕУ ќе даваме отпечатоци и фотографија од лицето, се очекуваат гужви на границите
Граѓаните од земјите на Западен Балкан: Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Црна Гора, Косово како и од други земји на кои не им треба виза за влез во ЕУ, за два месеца од сега ќе мора да ги почитуваат новите правила за влез во рамки на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) кој го одреди Европската комисија.
-
МАЛИТЕ СТАНОВИ СЕ ПРОДАВААТ ВЕДНАШ, ПОГОЛЕМИТЕ ЧЕКААТ НЕКОЈ МЕСЕЦ – еве зошто поскапуваат становите, во третиот квартал нов раст од осум проценти
Цените на надвижнините во Македонија продолжуваат да растат. Иако темпото на поскапување е успорено, сепак, и во третиот квартал цените на становите во земјава поскапеле. Последните податоци од Народна банка откриваат дека во третиот квартал цените на недвижнините се зголемиле за осум проценти. Ова е малку помало поскапување во споредба со вториот квартал, или она што се случуваше претходните години, но сепак зачудува што повторно имаме раст на цените на имотите.
-
РКЕ: Цените одат нагоре – горивата поскапуваат од полноќ
Горивата поскапуваат од полноќ!
-
ТАКСИСТ „ОДРАЛ“ гости од Австралија: За возење од „Ист гејт“ до Железничка платиле 1700 ДЕНАРИ
Во саботата навечер во 21 часот во СВР Скопје, Ј.К.(37) од Австралија пријавил дека околу 19:40 часот во Скопје, тој и неговата сопруга влегле во такси возило, кое ги однело од трговски центар во Скопје до крстосницата помеѓу бул.„Кузман Јосифовски Питу“ и ул.„Беласица“ и за тоа на такси возачот му платиле 200 денари за еден километар.
-
Taксисти што мамат, кучиња скитници, немање информации oнлајн за превозoт: Туристите велат дека ова ги одвраќа од подолг престој
Во малите места нема содржини што ќе го направат престојот интересен, таму не секогаш има голем број сместувачки капацитети, а онлајн нема податоци за транспортот од еден град до друг.
-
ГОЛЕМ РАСТ НА ПЛАЌАЊЕТО СО МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН - граѓаните се повеќе се насочија кон дигиталните методи за купување
Расте употребата на електронските форми за плаќање кај населението, покажуваат најновите податоци на Народната банка за платежната статистика за вториот квартал од 2024 година.
-
Не чека сончева недела, освен во среда кога ќе има пороен дожд
Следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во среда кога се очекува локален повремено пороен дожд со појава на ретки грмежи, јавува Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Најави за ново поскапување на цигарите
Цената на цигарите повторно ќе се зголеми за 5 денари, ова е предвидено со новите мерки на Владата.
-
На Македонија и фалат работници, дефицитот го надополнуваме од странство
Директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова на вчерашната „Текстилијада 8“ кажа дека дефицитот на кадар најмногу се забележува во градежништвото, угостителството и производството. Таа вели дека ова впрочем се и најбараните профили на работници кои се бараат од страна на работодавачите.
-
ДОБРИ ВЕСТИ ЗА САД: Отворени 254.000 нови работни места во септември
Во септември во САД се отворени 254.000 нови работни места, што е многу над очекувањата на економистите кои прогнозираа нови 140.000 работни места, објави денеска американското биро за статистика на трудот.
-
Цените на угостителските услуги продолжија да растат
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година, во споредба со август 2024 година, е зголемен за 0.2 %.
-
Секој Германец има во просек по 70.000 евра, но штеди - погрешно
Новиот извештај на осигурителната компанија Allianz заклучува дека многу Германци ги пропуштаат можностите за просперитет затоа што штедат на погрешен начин.
-
Microsoft им порача на вработените: Можете да работите од дома, но само под еден услов
Откако Amazon неодамна им кажа на вработените дека мора да се вратат во канцеларија, некои аналитичари коментираа дека ова е почеток на крајот на работата на далечина. На некои шефови не им се допаѓа тоа што не можат да ги контролираат вработените кога не се на нивните работни места, додека други сметаат дека кога луѓето зборуваат во живо и учествуваат на состаноци за бура на идеи, тие можат да бидат покреативни, додека далечинската работа ја задушува таа креативност.
-
Важна вест за скопјани – И во понеделник посебен режим на сообраќај, еве кој доаѓа
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 07.10.2024 (понеделник) поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
-
Кога и како се берат дуњите? Квалитетот на плодовите зависи од времето на берба
Дуњата се бере кога плодовите се на одредено ново на зрелост, што не може секогаш лесно да се одреди.
-
Следува продолжен викенд, а овој месец доаѓа уште еден неработен ден – Еве колку празници преостануваат
Следниот неработен ден практично и продолжен викенд е 11 октомври (петок), Ден на народното востание.
-
Последен повик: Обезбедете го вашето место на Регионалниот саем за вработување
Пријавете се на најголемиот настан на годината во областа на Employer Branding - онлајн Регионалниот саем за вработување.