News
-
Двајцата астронаути остануваат во вселената, проблематичната капсула на Боинг се враќа на Земјата без нив
Двајцата астронаути на НАСА кои требаше да се вратат на Земјата останаа на Меѓународната вселенска станица (MSS), додека проблематичната капсула Боинг се упати назад без нив.
-
Новите правила за влез во ЕУ не важат ако одите на погреб, на лекување, на суд, на студии, во посета на родителите…
Од 10 ноември на државјаните на околу 60 земји, вклучувајќи ги и балканските, ќе им биде потребен посебен сертификат за влез во ЕУ, како и во Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн, кои се дел на Шенген зоната. Почнува да функционира новиот систем за влез-излез – ЕЕС, кој предвидува апликација за влез во земјите на Унијата. Вториот чекор, попознат како Европски систем за информации и овластување за патување (ЕТИАС), ќе бара издавање дозволи за патување и проверка на патниците.
-
Како тргнала работата, ќе немаме ни ајварка ни ајвар
Поради скапиот пипер, изумира традицијата на правење домашна зимница. Годинава, откупната цена на ајварката е 50 денари и таа се продава на зелените пазари по 100 денари за килограм.
-
Секој петти млад човек во Македонија е невработен!
Нешто над 20 отсто од младите луѓе во земјава на возраст од 15 до 29 години се невработени. Овие информации се заклучно вториот квартал од годинава. Активноста за вработување кај младите достигна 45 отсто. Податоците од извештајот покажуваат дека и во однос на полот стапката на невработеност кај младите е речиси идентична, како кај жените така и кај мажите и изнесува околу 23 отсто.
-
Поради слабите продажби, две фабрики на „Фолксваген“ се вишок
Производителот „Фолксваген“ (Volkswagen AG) ги брани своите идеи за затворање фабрики во Германија, потег што би бил без преседан, велејќи дека тековната продажба на автомобили ја оставила компанијата со околу две фабрики како вишок.
-
СОЗДАДЕНО ЕЗЕРО СРЕДЕ САХАРА Што се случува?! Од пустината доаѓаат неверојатни глетки – СО ДЕНОВИ ВРНЕ
Во моментов низ пустината Сахара, едно од најсушните места на Земјата, се случува уникатен настан од дожд.
-
Од сабота до понеделник ќе се вози по неделен возен ред
Од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје информираат дека по повод државниот празник „8 Септември“ – Ден на независноста, в сабота и во понеделник ќе се работи по неделен возен ред.
-
Климите ги заменија печките на дрва – стовариштата полни, купувачи сè помалку
На прагот сме на грејната сезона. Од стовариштата за весникот ВЕЧЕР велат дека има огревно дрво во доволни количини и се продава по пониски цени за разлика од минатата година, и тоа за 500 денари за кубик.
-
Разговарате околу нешто со вашите пријатели и наеднаш за истото почнуваат да ви се појавуваат реклами на мрежите? Маркетинг агенција тврди дека уредите нè прислушкуваат, Фејсбук и Гугл реагираа
Маркетинг агенција тврди дека е легално да се прислушкуваат корисниците, а меѓу своите партнери, покрај Facebook, ги наведува и Google и Amazon.
-
Еве зошто полицаецот прво го допира вашиот автомобил кога ќе ве застане: Причината ќе ве шокира, ова не го знаат ниту искусните возачи
Кога ќе ве запре сообраќајната полиција, тие најчесто приоѓаат одзади, за да го допрат багажникот или некој друг дел од автомобилот.
-
Најпаметните кучиња имаат фантастична долгорочна меморија
Многу кучиња, дури и оние слабо обучените, можат да следат различни едноставни команди како што се „седи“, „лежи“ и „чекај“. Но, има и такви кои можат да се сетат на имињата на стотици играчки – топки, патки, коски, мечиња, пишува агенцијата "dpa". .
-
Трет мобилен оператор во Македонија – какви се очекувањата на граѓаните?
Во ерата на брзите технолошки промени и глобализација, информатичките и комуникациските технологии стануваат сè поважни за секојдневниот живот на граѓаните.
-
Дел од горивата од ноќеска поевтинуваат
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит.
-
Во недела патот околу Мавровско езеро затворен за сообраќај
На 8 септември 2024 година, во Маврово ќе се одржи петтата по ред трка „Халк Вело Грин“ , поради што ќе има промена во сообраќајниот режим.
-
Објавен јавниот повик за субвенции за нови дестиниции до и од скопскиот и охридскиот аеродром
Министерството за транспорт го објави јавниот повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Мeѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за период 2025-2027 година.
-
Кои се најскапи, а кои најевтини земји од ЕУ
Кои земји од ЕУ се најевтини, а кои најскапи?
-
Вработени во земјава се 691.736, а невработени 98.416 лица
Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2024 година, бројот на активното население во Република Северна Македонија е 790 152 лица.
-
Пари за откуп има, ама грозје слабо има
Во срцето на Тиквешијата, каде што лозовите насади некогаш беа гордост на регионот, сега владее тишина.
-
Пет професии ќе бидат најбарани во иднина, а еве какви вештини ќе бидат потребни
Пазарот на труд се менува побрзо од кога било и многу работни места кои постојат денес наскоро ќе исчезнат.
-
Најтопло лето досега – просечната глобална температура за 0,69 степени повисока од тримесечниот просек во последните 30 години
Ова лето ги собори глобалните топлотни рекорди, поради што ќе остане запишано како најжешко од кога се бележат податоци. Просечната глобална температура од јуни до август 2024 година беше за 0,69 степени Целзиусови повисока од тримесечниот просек забележан во периодот од 1991 до 2020 година, објави Коперникус, служба за климатски промени на Европска Унија (ЕУ).