News
-
Се шири нова "Facebook" измама: Ако добиете порака од оваа адреса, не наседнувајте
"Check Point Research" (CPR) предупреди на нова фишинг кампања, која започнала околу 20 декември 2024 година и главно е насочена кон компании во Европа, САД и Австралија. Исто така, забележани се обиди за измама на таргети кои биле контактирани на кинески и арапски јазик, што укажува на глобален опсег на кампањата.
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
Скопската Брза помош има потреба од итни вработувања. Само 4 до 5 екипи од лекар, сестра и возач во една смена од 12 часа го покриваат целиот град и околината, а според стандардите за население од речиси еден милион жители треба да има тројно повеќе тимови.
-
Неизвесна е туристичката сезона на Санторини
На Санторини од 26 јануари годинава се регистрирани повеќе од 15.000 земјотреси, а нивните епицентри се наоѓаат во близина, под морето, од кои најсилните биле над пет степени, а сеизмолозите претпоставуваат дека е можен земјотрес со јачина од шест степени.
-
Двоен кружен тек во Загреб: Необично решение, знаете ли како функционира?
Двојниот кружен тек е необично, но, според сè, ефикасно сообраќајно решение. Во Загреб првиот ваков кружен тек се појави кон крајот на 2023 година, во населбата Трешњевка, а наскоро на овој начин треба да биде решена уште една „проблематична“ локација.
-
Еве колкава е просечната плата во Германија за 2025 година
Во Германија, платите значително се разликуваат од професија до професија. Но, колку се заработува во просек? Веќе има прелиминарна проценка на платата за 2025 година.
-
Минатата година регистрирани 1.260.425 туристи во Македонија
Минатата година во Македонија биле регистрирани 1.260.425 туристи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Бројот на туристи лани се зголемил за 91.695 во споредба со 2023 година.
-
Другата страна на Денот на вљубените: Колку е сериозна „епидемијата на осаменост“ во Европа?
Секој 14 февруари, светот дише во розова и црвена боја. Кога ќе настапи Денот на вљубените, се купуваат чоколади во форма на срце, романтичните патувања се на попуст, а социјалните мрежи се преплавени со слики од парови. Сепак, за многумина, Денот на вљубените не носи радост и љубов, туку потсетник дека се сами или осамени.
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.
Индексот на трошоците на животот во јануари 2025, во однос на јануари 2024 година, бележи зголемување од 4.9 %, а индексот на цените на мало раст од 5.2 %, соопшти Државниот завод за статистика.
-
Од 15 до 21 февруари се прославува Недела против Валентајн, знаете ли што е тоа?
Додека Неделата на вљубените често се слави со љубов, наклонетост и срдечни гестови, приказната има и друга страна. За многумина, Денот на вљубените може да донесе чувства на фрустрација, тага, па дури и огорченост, особено за оние кои се сингл, кои поминуваат низ раскинување или едноставно претпочитаат да не учествуваат во комерцијализираната прослава на љубовта. Ова е местото каде што доаѓа Неделата против Валентајн, нудејќи необична, понекогаш бунтовничка, алтернатива на традиционалната романса на Денот на вљубените.
-
Кој плаќа највисоки, а кој најниски сметки за струја во Европа?!
Енергетската криза е во полн ек, а цените на електричната енергија и гасот за домаќинствата значително се разликуваат низ европските престолнини. Приспособувањето кон стандардот на куповна моќ (PPS) носи значителни промени во рангирањето на земјите.
-
Вселенската компанија на Џеф Безос ќе отпушти околу 14.000 луѓе
Извршниот директор на вселенската компанија Блу Ориџин, Дејв Лимп, најави отпуштање на околу 10 отсто од целиот персонал на компанијата, што е околу 1.400 вработени од речиси 14.000.
-
Македонците не ги интересира политика но не пропуштаат вести
Македонските граѓани велат дека не ги интересира политиката но следат се што се случува на политичката сцена. Вакви резултати покажува истражувањето на Институтот за социолошкки и политичко правни истражувања направено во соработка со Институтот за демократија.
-
Порше отпушта 1.900 работници
Во четвртокот, брендот ги претстави плановите за укинување на околу 1.900 работни места во двете фабрики во Штутгарт до 2029 година.
-
Остров на кој АВТОМОБИЛИТЕ СЕ ЗАБРАНЕТИ
Ако планирате патување во Америка, островот Макино е место кое не смеете да го пропуштите.
-
Шведска стана првата земја без чад од тутун со помош на алтернативи
Шведска постигна историски успех со тоа што стана официјално првата земја во светот без чад од тутун. Швеѓаните ја постигнаа оваа цел 16 години пред планираниот рок на Европската унија, додека повеќето други земји-членки имаат потешкотии да ја постигнат таа цел, велат експертите.
-
Оваа земја е прогласена за најчиста во светот: Главниот град е магичен, а еве зошто воздухот таму е толку свеж
Доколку барате место каде што нема многу туристи, каде воздухот е свеж, а улиците чисти, Естонија е вистинскиот избор. Според извештајот „Воздухот што го дишеме“, Естонија може да се пофали со најчист воздух и најниски емисии на штетни гасови.
-
Загреб ги престигна Париз и Берлин во купување цвеќе за Денот на вљубените
Цвеќарниците во Загреб забележале дури 12,3 пати повеќе трансакции во однос на просечен ден, што е најдобар резултат меѓу сите анализирани европски престолнини.
-
Од добиениот бонус, работниците во оваа компанија можат да купат нов автомобил
„Ferrari“ доделува огромни бонуси на вработените по рекордната 2024 година.
-
Во чест на денешниот празник Свети Трифун, исплатени се 315.745.324 денари кон 11.689 лозари
Денеска кога го празнуваме Свети Трифун, заштитник на лозарите се исплатија 315.745.324,00 денари кон 11.689 лица, соопшти Министерството за земјоделство.
-
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ кои чекаат поврат
Во системот на Управа за јавни приходи, за четвртиот квартал од 2024 година за 5,157 кориснички профили нема точни или ажурирани податоци со што не можат да им бидат исплатени средствата, инфомираше УЈП.