Business news
-
Иако жените во ЕУ се пообразовани од мажите, тие сепак добиваат помали плати
Иако жените во ЕУ се пообразовани од мажите, тие во просек заработувале 14,1 отсто помалку од нивните машки колеги, објавено е во Европскиот мониторинг на работните места издаден од Европската комисија и Еврофонд. Важно е да се истакне дека ова се податоци за 2019 година и дека не го покажуваат влијанието на пандемијата врз нивото на платите.
-
Плата до 6.000 евра, никој не се пријавува за работа
На Австрија и недостасуваат работници во скијачките центри, особено по воведувањето на строгите епидемиолошки мерки.
-
Сите се посиромашни поради инфлацијата, а банкарите се спремаат за новогодишни бонуси
Исто како што повеќето од нас ги чувствуваат ефектите од зголемената инфлација, за која Канцеларијата за национална статистика рече дека минатата недела достигнала највисоко ниво во последните 10 години од 5,1 отсто, богатите банкари и трговци со нетрпение очекуваат да добијат извонредно големи новогодишни бонуси.
-
Од 1-ви јануари само фирмите со зелена економија и почитување на работничките права ќе можат да соработуваат со германски компании
Од 1-ви јануари само фирмите со зелена економија и почитување на работничките права ќе можат да соработуваат со германски компании
-
Скопскиот и охридскиот аеродром ги бележат првите знаци на закрепнување, 1,3 милиони патници опслужени за 11 месеци
Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужиja 1,3 милиони (1.256.263) патници за 11-те месеци од 2021 година, што е зголемување од 71% во однос на истиот период во 2020 година, што укажува на први знаци на закрепнување на патничкиот сообраќај, по негативното влијание на КОВИД-19 врз воздухопловниот сектор. Истовремено, во периодот јануари – ноември 2021 година, на двата македонски аеродрома се опслужени 13.679 летови, што е 63 отсто повеќе во споредба со 2020 година.
-
Русија се подготвува да ги забрани криптовалутите
Централната банка на Русија, наводно, смета дека зголемувањето на бројот на крипто трансакции е ризик за финансиската стабилност на земјата.
-
„Алкалоид“ пушти во употреба сопствен центар за едукација и за обуки
Човечкиот потенцијал има огромно значење за растот и за развојот на „Алкалоид“ АД Скопје, а професионалниот пристап во работењето, просперитетот на компанијата и нејзиниот кредибилитет се должат на децениското инвестирање во компаниското начело „Луѓето пред сѐ“.
-
Apple им дава 1.000 долари на вработените за домашна канцелариска опрема
Apple ќе го одложи враќањето на своите вработени во канцеларијата на неодредено време, додека на сите свои корпоративни и комерцијални вработени ќе им даде 1.000 долари за купување опрема за нивните домашни канцеларии.
-
Падна цената на биткоин по предупредувањата од Банката на Англија
Цената на биткоинот се намали додека Банката на Англија предупреди на крипто опасностите. Во декемврискиот извештај за финансиската стабилност на Банката на Англија се вели дека пазарите и активностите поврзани со крипто средствата продолжуваат да растат и брзо да се развиваат.
-
Зголемен прометот во индустријата
Вкупниот промет во индустријата во октомври годинава е зголемен за 2,0 отсто во споредба со истиот период лани, додека во однос на септември 2021 година бележи пад од 0,9 отсто. Во првите 10 месеци годинава, пак, пораснал за 16,6 отсто во споредба со истиот период лани.