Во отвореното писмо меѓудругото се наведува и дека некој од мајките имаат притисок од работодавачите да се вратат на работа а најмногу се загрижени за здравјето на своите најмили бидејќи децата треба да ги остават во градинка или со дадилка.
Целото писмо во продолжение:
Ние мајките кои сме на породилно отсуство бараме да се продолжи платеното породилно отсуство. Ние сме во многу незавидна ситуација, бидејќи немаме можност да ги оставиме бебињата никаде за да тргнеме на работа. Имено, градинките работат и секако сѐ уште се небезбедни (иако учителките може да се негативни, може некое дете да е носител без никој да знае и да ја рашири болеста), градинките работат со ограничен број на дечиња, поради социјалната дистанца не можеме, а и немаат сите услови да ги оставиме бебињата кај баби и дедовци или да ангажираме дадилки (не знаеме со кого биле во контакт претходно, а и немаат повеќето финансиска можност за ова). А со секој изминат ден има сѐ повеќе заболени/починати. Поради тоа бараме да го заштитите здравјето на нашите најмали и најранливи и да го продолжите платеното породилно отсуство. Се надеваме дека ова ќе биде решено во најбрзо време и нема веќе да бидеме во неизвесност, бидејќи има мајки кои имаат притисоци за враќање на работа, недоволно разбирање и мешање на поимите вонредни и времени мерки, а сето тоа прави дополнителни притисоци и нервози во и онака напнатата ситуација“, стои во писмото испратено и до Владата.