Вакцинирањето е доброволно и се спроведува согласно стратегијата за вакцинација на Република Македонија.
Министерот за здравство Венко Филипче апелира до граѓаните да се пријават за вакцинација против ковид-19 на vakcinacija.mk, затоа што, како што вели, сега е време да се даде придонес за побрзо надминување на пандемијата со коронавирусот.
„Процесот на имунизација е пред нас и само со вакцинација на голем број граѓани ќе успееме да стекнеме колективен имунитет“,напиша Филипче на Фејсбук.
И ги упатува граѓаните на страницата за пријава каде го пишува следново:
Почитувани граѓани,
пред да ја пополните апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација против COVID-19 ве молиме внимателно прочитајте ги следните информации:
Вакцинирањето е доброволно и се спроведува согласно стратегијата за вакцинација на Република Северна Македонија.
Со пополнување на формата се регистрирате за вакцинација директно во системот Мој Термин. Вашиот матичен лекар добива информација за вашата регистрација. Нема потреба дополнително да го барате или информирате дека сте се регистрирале.
Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, вашиот матичен лекар ќе ве повика и ќе ве информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинирате на пунктот кој ќе го изберете при регистрацијата.
Доколку сакате да се пријавите го пополнувате формуларот кликнете ТУКА