Измените, кои беа критикувани од некои провинции, може да и дадат на Владата на канцеларката Ангела Меркел моќ да воведе ноќен полициски час и да ги затвори училиштата во областите со висок процент на заразени.
Новите мерки вклучуваат полициски час помеѓу 21 и 5 часот наутро, затворање продавници и ограничување на приватните собири до пет лица од две домаќинства.
Во многу случаи, сепак, регионалните лидери не успеаја да ги спроведат мерките за затворање што ги договорија со Меркел, а некои дури дозволија повторно да се отворат продавниците и кината.
Владиниот портпарол Штефан Зајберт вчера на прес-конференција рече дека новиот закон ќе создаде „унифицирани национални“ правила.
„Целта е земјата да се донесе што е можно побрзо во ситуација со многу пониско ниво на инфекција, каде што можеме одговорно да ги ублажиме ограничувањата со тестирање“, рече тој.
Минатата недела здравствените власти предупредија дека болниците може да бидат пренатрупани без построги национални мерки.
„Ако не блокираме, многу луѓе ќе ги загубат своите животи“, изјави Лотар Вилер, шеф на Агенцијата за инфективни болести на институтот „Роберт Кох“.
Извор : https://info.mk/