Селф“ тестовите за домашна употреба ќе бидат бесплатни и задолжителни еднаш седмично, за вработени во јавниот и приватниот сектор од повеќе области
Новите „селф“ тестови, односно брзите тестови за домашна употреба што ги воведе грчката Влада, од понеделник ќе бидат задолжителни и за вработените во малопродажбата, супермаркетите, продавниците за храна и пијалаци, транспортот, службите за чистење, фризерските и козметичките салони, берберниците, обложувалниците, а без потврда за негативен резултат, нема да им биде дозволено пристигнување на работното место, паралелно, предвидени се и казни за непочитување на новото правило, јави МИА од Атина.
Работодавците нема да смеат да ги примат на работа вработените кои нема да донесат потврда за негативен селф тест.
Паралелно, предвидени се и парични казни во висина од 300 до 1 500 евра.
Работодавците ќе бидат обврзани да ги информираат вработените за задолжителните тестирања, во спротивно ќе бидат казнети со 300 евра.
Ако примат на работа вработен без потврда, казната е 500 евра, додека пак ако лице кое има позитивен резултат од селф тестот редовно оди на работа, работодавецот ќе плати 1 500 евра.