Apple е „многу блиску“ до потпишување договор со корејската компанија LG Electronics и канадскиот добавувач на автомобили Magna International, пренесува Korea Times, повикувајќи се на извор запознат со гореспоменатиот развој на настани.
Од LG и Magna се очекува да соработуваат на иницијативата наречена „LG Magna e-Powertrain“ и токму оваа соработка треба да стане основа за производство на првите автомобили на Apple, пишува Korea Times.
LG Magna e-Powertrain е многу блиску до потпишување договор со Apple, според кој тие би управувале со почетниот обем на производство на електричните возила на Apple, изјави неименуваниот извор, додавајќи дека деталите сè уште се разговараат.
Нивото на производство на почетокот не би било многу високо, бидејќи Apple ќе ги искористи своите први електрични автомобили за испитување на нивниот потенцијал на пазарот.
Претходните извештаи зборуваа за 2025 година како година во која Apple ќе го лансира својот прв електричен автомобил, кој исто така треба да има можност да управува автономно.
Корејскиот весник го спомена и неодамнешното излегување на LG од пазарот на мобилни телефони во контекст на можно партнерство со Apple и напорите на корејската компанија да бара можности за раст на пазарот на автомобилски компоненти, бидејќи LG во март агресивно го прошири производствениот капацитет за постојните автомобилски компоненти.
Додека Apple нуди многу малку информации за своите претстојни проекти, засега се чини дека овој технолошки гигант не е заинтересиран за дизајнирање на сопствен електричен автомобил, туку само обезбедување на софтверски услуги на производителите на автомобили.
LG и Magna засега сè уште не се огласија по повод овие информации.
Извор : https://info.mk/