Филипче и Лончар денеска во Белград договорија стратегиско партнерство за идните набавки на вакцини против ковид од Институтот „Торлак“
Српските граѓани од 15 јуни до 15 август ќе бидат ослободени од патарини во земјава во знак на благодарност за донациите во вакцини, соопшти денеска и официјално министерот за здравство Венко Филипче во Белград на прес-конференцијата со српскиот министер за здравство Златибор Лончар.
Филипче и Лончар денеска во Белград договорија стратегиско партнерство за идните набавки од Институтот „Торлак“, кој ќе произведува вакцини против ковид-19.