Да одлучиш да дадеш отказ среде пандемија кога работните места на многумина им висат на конец и да одлучиш да креираш нешто свое мнoгумина би рекле дека мора да и си или многу храбар или малку луд. А нашата соговорничка ќе ја сврстиме во оние многу храбрите чија приказна дефинитвно има убав вкус а се вика Tasty Box!
Позади Tasty box стои Марга Настевска Димоска (25), млада мајка на две близначиња која почетокот на пандемијата ја затекнала на породилно отсуство, а тоа било и пресудно да се направи одлука за промена на кариерниот пат
-Ситуацијата со пандемијата дефинитвно влијаеше директно на одлуката за мојата кариерна насока-Вели Марга-Пандемијата ме затекна додека бев на трудчничко отсуство и одлуката за отказ од тогашното работно место се случи токму поради превенција и заштита од вирусот , едноставно тоа беше дополнителен мотив да ја стартувам приказната. Го создадов Tasty box за сите оние кои делат мислење со мене дека еден подарок може да каже многу повеќе отколку самите тие. Сметав дека нашиот топол народ секогаш ги одбира убавиот гест и искажувањето благодарност, без разлика дали е пандемија или не.
Марга вели дека првичната идеја за промена на кариерата и се движела во поинаква насока па за тоа и завршила обука за Digitalen Marketing, со цел да продолжи во таа сфера, но сепак се охрабрува да започне свој мал бизнис заедно со сопругот. Почетокот бил ентузијастички и со голема мотивација и очекувања а сега после неколку месеци од официјалниот старт во Февруари еве што вели Марга:
-Дефинитивно стартувавме со многу повеќе очекувања во тој момент, имаше моменти кога мотивацијата едноставно згаснува, но не се откажавме, работевме напорно, експериментиравме, имавме и успешни и неуспешни резултати, постојано кроиме многу планови и стратегии. Изгледа лесно, слатко и едноставно, меѓутоа е предизвикувачки. Задоволни сме што за кратко време успеавме да стигнеме до онаму кај што сме сега, се стремиме секојдневно да бидеме иновативни, оригинални и спремни сме за нови предизвици.
Со оглед на тоа штое е млада мајка со две деца моравме да прашаме и како се снаоѓа?
-Во мојот случај имам партнер кој постојано ме бодри и поддржува, несебично помага во целиот процес, иако работи на друго работно место. Би издвоила дека е потребно добра организација, но главната причина поради која бизнисот опстојува е создавањето нови идеи за продукти и препуштање на творецот во мене да настапи. Креативноста е дел од мене и обожувам да ја “хранам”, а мојата работа е пред се креативност, а потоа и бизнис- Заклучува Марга
Водејќи се по слоганот “Со љубов направено, со љубов подарено” Марга вели дека плановите за во иднина им се да создадат полесен начин на нарачка, со автоматизирање на целиот тој процес, нови производи и подобрување на постоечките. Конкуренцијата вели дека не ги плаши- напротив вели Марга
-Среќни сме што ја имаме, секогаш е добро да се инспирираме од креативци и успешни луѓе за да станеме и ние што е можно подобри!
На крајот Марга имаше и порака сите оние кои се мислат да си почнат своја приказна а уште се плашат:
-Желбата за креирање на нова приказна да биде доминантна, меѓутоа разумот да биде постојано присутен и да проценува дали ризиците би им оставиле вистински траги. Малку повеќе доза на смелост и прифаќање дека надвор од комфор зоната има и своја убавина!
А за сите кои сакате да ја вкусите нивната приказна еве ги деталите како да си нарачате:
-Доколку се работи за една кутија, доволно е еден ден претходно за нарачка, поголемите нарачки бараат поголема потреба од снабдување на намирници и спремање на декорацијата, таквите нарачки се обично договорени најмалку 1 недела претходно. За да се создаде еден бокс, одбираме производи со интересна структура, впечатливи бои, но истовремено квалитетни и вкусни состојки, а најмногу се задржувам на декорацијата која во едно е мојот омилен дел од работата, време кога јас се исполнувам и дополнително инспирирам. Може да не најдат он-лајн, на Facebook и Instagram