Министерството за здравство на Турција вели дека одлуката ќе стапи на сила од 15 мај
Турските власти објавија дека посетителите од 16 држави и региони нема да пораат да приложат ПЦР тест за патување во Турција, јавува Анадолија.
Министерството за здравство на Турција објави дека на листата на земји и региони се наоѓаат Хонг Конг, Кина, Тајван, Виетнам, Австралија, Нов Зеланд, Сингапур, Тајланд, Јужна Кореја, Израел, Јапонија, Велика Британија, Латвија, Луксембург, Украина и Естонија.
Министерството за здравство на Турција вели дека одлуката ќе стапи на сила од 15 мај.