ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 165/2021
1. УПР0101В03000 Соработник за остварување на правата и обврскитe на вработените во јавниот сектор, Одделение за вработување, унапредување, мобилност и права и одговорности од работен однос, Сектор за управување со човечки ресурси (1) извршител(и)
Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Политички науки или Организациони науки и управување (менаџмент)
- најмалку 1 (една) година работно искуство во струката
Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување
Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
- Работни денови понеделник-петок
- Работни часови неделно 40
- Работно време од 08:30 до 16:30
- Опис за работното време
Паричен нето износ на плата: 23.634,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 год. се : Македонец(ка) 1.
Целиот оглас можете да го видите на ЛИНКОТ