На крајот на 2020 година, Келвин Одартеј Крукшенко (19) од Гана го освои светот со својот подвиг.
Младиот човек конструирал автомобил од отпадни делови, а работата траела три години.
На почетокот, многумина сметаа дека сум луд. Но, сакав да создадам свој автомобил, бидејќи имам страст за таа работа – рече Келвин, роден во сиромашно маало на главниот град Акра.
Моторот – најскап дел
Тој започнал да собира материјали на 15-годишна возраст, а конструкцијата ја направил од челични цевки, со цел да му обезбеди на возилото доволно јачина.
Тој мораше да купи моќен мотор од 300 КС, како и други делови, па освен напорот, тој вложи и околу 3.000 американски долари во проектот.
Неговата желба е да стане инженер, но и да направи електричен автомобил! Тој започна веб-кампања за да обезбеди доволно средства.