Во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово денеска е поставен камен темелник на нова заедничка инвестиција на американската компанијата „ЛЕАР” и „Нормак Инвестмент Груп”, која ќе отвори можност за вработување до 1500 лица.
Станува збор за инвестиција од 15 милиони евра, односно втор производниот погон кој што се гради на површина од 8 илјади метри квадрати, а плановите на инвеститорот се до ноември 2021 година објектот да биде завршен.
Фабриката на американската компанија која е светски лидер за седишта на возила со високи перформанси водечки во оваа индустрија, располага со врвна технологија и производни капацитети за сечење кожа и платно.
Директорот на Дирекција за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски во своето обраќање рече дека оваа компанија веќе исплаќа плата која што е на ниво на просечната плата на држава, а тоа е 10 проценти повисоко од просекот во зоните. Посочи дека приоритет е да се подигне животниот стандард на луѓето.
Како што додаде, компанијата веќе во својот деловен план се обврза за новата инвестиција со значително покачување на плати во одредени средини. Надополни дека во разговори што ќе следат, ќе се обидат тоа покачување да биде уште повисоко.
Целиот текст прочитајте го на biznisvesti.mk