
mkd-news.com
Нема да веруваш колку работодавачите во Македонија плаќаат за твојата работа!
Четириесет пациенти со дебелина ќе може да се оперираат преку Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) на Клиниката за дигестивна хирургија, рече денеска директорот на Клиниката, д-р Огнен Костовски.
И годинава ќе јадеме домати, пиперки и краставици од Албанија, Грција и Турција. Намалената работна рака влијаеше на драстично намалување на земјоделските површини, велат земјоделците.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини преку соопштение посочува дека иницираше интезивни активности за правично и транспарентно информирање на јавноста во врска со сметки за електрична енергија. Министерството, како носител на државната политика во енергетскиот сектор, активно ги координира сите институции и ги потсетува на нивните обврски според законот, со цел граѓаните да бидат целосно заштитени од потенцијални злоупотреби.
30,4 отсто од децата на возраст од 6 до 9 години во Македонија живеат со вишок на килограми. Од нив, 13,8 проценти живеат со дебелина, а 4,4 отсто со екстремна дебелина, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Уредот, наречен „Taste TV“, користи спрејови во комбинација со 10 различни вкусови за да ги создаде вкусовите на одредени намирници.
Државниот завод за статистика го објави бројот на слободни работни места во четвртиот квартал во 2024 година кој изнесува 9.562, а најголем број, 2.149, има во втората група занимања – Стручњаци и научници.