Граничниот премин меѓу Македонија и Грција, Евзони, од утринава е отворен за сообраќај но само за патници со грчки пасоши.
Иако министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев официјално изјавија дека Македонците на 14 мај конечно по година и пол ќе може да одат во Грција со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или со потврда за вакцинација, сепак денеска на многумина кој што се одлучија да патуваат кај нашиот јужен сосед не им беше дозволен влез во државата.
Објаснувањето на грчките полиција е дека за сега се уште не добиле официјално одобрување за влез на останати патници.
„Грчките служби што работат на граничнииот пшремин, велат дека се уште немаат добиено официјално извесување од грччките власти дека смеат да ги пропуштаат македонските граѓани. Тоа им го кажуваат и на нашите граѓани, а и наса ни дадоиа такво известување. Нашите гранични служби, пак, со цел да не чекаат граѓаните, ги пропуштија во меѓузоната, но понатаму тие едноставнио не можат да влезат во Грција“, велат од МВР За фактор.
Потенцираат дека работат на рершавање на проблемот и веќе се водат разговори со грчките служби.