
Промената и дополнувањето на програмата за болничко лекување без наплата на партиципација за пензионери веќе е објавена во „Службен весник“ и со тоа на сите пензионери веќе не им се наплатува учество во 2018-та.
осега партиципацијата се покриваше при користење на болничката здравствена заштита само за пензионери со помала пензија од 12.600 денари, а од сега се брише овој критериум и сите од оваа старосна група ќе може да се лекуваат бесплатно.
Бесплатни се и болничките здравствени услуги за децата под 18 години чии семејства се корисници на правото на социјална помош во Република Македонија.