Граѓаните над 40 години кои се имаат пријавено,а порака со термин се уште немаат добиено, министерот за здравство Венко Филипче ги упати да се јават кај матичниот лекар. Според него, термин сигурно има, но поради погрешен број или маил, СМС се уште не добиле.
-Термини за вакцинација добија сите граѓани над 40 годишна возраст од Скопје кои до 30.04.2021 изразиле желба за вакцинирање преку веб страницата www.vakcinacija.mk. Во текот на следните три дена и од останатите градови во земјава, термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40 годишна возраст кои до крајот на април изразиле желба за вакцинирање на www.vakcinacija.mk. Од вчера почна вакцинацијата и на пациентите кои се на дијализа, како и пациентите со трансплантација. Имунизацијата во државата се одвива со засилено темпо, најлесен начин да се вакцинирате е со пријавување на www.vakcinacija.mk., пишува министерот Филипче во неговата објава на Фејсбук.
Министерството за здравство информира дека интересот за вакцинација од ден на ден е се поголем, а до петокот се пријавени над 340.000 граѓани, а аплицирани се 203.324 дози вакцини, додека ревакцинирани, односно целосно вакцинирани против Ковид-19 се 24.851 граѓани.