Вајоминг им се придружи на другите американски сојузни држави, меѓу кои се Алабама, Минесота, Јужна Каролина, Арканзас, Аризона, Флорида, Ајдахо, Монтана, Тексас и Јужна Дакота, што досега или донесоа закони или издадоа наредби за да го спречат воведувањето на ковид-пасоши.
Во директивата на републиканецот Марк Гордон се наведува дека „програмите за ковид-пасош можат потенцијално да ја политизираат одлуката што не смее да се политизира“.
Гордон додаде дека вакцината е „личен избор, темелен на лични околности“.