Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.
Минатата недела РКЕ донесе одлука цените да поскапат согласно утврденото од 4.05.2021 година.Минатата седмица малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 1,50 денар/литар, додека малопродажните цени бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 1,00 денар/литар
Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит.