„Искрено им благодариме на сите автори кои без размислување ја прифатија иницијативата да бидат дел од интернационалното издание на Tip of the Week® и за прв пат на светската читателска публика да презентираме нова уникатна перспектива за мотивација и за едукација која доаѓа од Балканот, а со тоа да споделат дел од нивното знаење и искуство. Во регионот постојат навистина големи професионалци кои се успешни во нивното работење, а има толку многу да се научи од нив. Посебно сме горди што Tip of the Week® веќе прераснува во препознатлив бренд со голема база на поддржувачи од секаде во светот.“ – велат главните креатори на Tip of the Week® концептот, Калин Бабушку и Петар Лазаров.
Tip of the Week® концептот e започнат во 2010 година во Македонија со издавање на неделни совети и два прирачника за личен и за професионален развој. Во 2016 година, проширен е во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а во 2017 година и во Хрватска. Прирачниците, досега се издадени на четири јазици и продадени во тираж во повеќе од 20.000 копии.