Истражувањата покажуваат дека повеќето менаџери за човечки ресурси во првите 90 секунди од разговорот со кандидатот одлучуваат дали ќе му дадат шанса за работа. Од исклучително важно значење е кандидатот да се подготви што е можно подобро и да му покаже на работодавачот дека може да смета на него за било што.
Не е спорно дека работната биографија, односно знаењето, вештините и искуството, се најважните фактори во процесот на селекција, но ако има голем број слични кандидати, тогаш навидум, малите нешта може да донесат голема предност.
Еве на што треба да обрнете посебно внимание:
ПРВИОТ ВПЕЧАТОК
Статистичките податоци велат дека 55% од првиот впечаток се однесува на начинот на облекување, однесувањето и движењето кога ќе влезете во просторијата каде што се одржува интервјуто за работа, 38% квалитетот на вашиот глас, односно граматиката и самодовербата и 7% за избор на зборови.
Две третини од работодавачите истакнуваат дека не сакаат кандидати кои премногу обрнуваат внимание на својот изглед и начинот на облекување. Тој може да биде пресуден фактор при донесување одлука помеѓу двајца кандидати со слични квалитети.
НАЈЧЕСТИ НЕВЕРБАЛНИ ГРЕШКИ
Пред да започнете со интервјуто за работа, односно да разговарате со потенцијалениот работодавач, внимавајте на следните грешки:
- Остварете контакт со очи при разговорот.
- Културно ракување на дистанца.
- Не сте доволно информирани за компанијата во која аплицирате.
НАЈЧЕСТИ ВЕРБАЛНИ ГРЕШКИ
Многу е важно специфично, концизно и јасно да одговорите на прашањата поставени од вашиот менаџер за човечки ресурси и еве што не смеете да правите:
- Предолго објаснувајќи зошто ја изгубивте претходната работа.
- Хумор во преголема доза.
- Недостаток на ентузијазам.
- Нагласување на сопствените желби и потреби.
Секако, пред сè, потребно е да ја запознаете компанијата во која сакате да работите, позицијата за која сте аплицирале и да бидете свесни за знаењето и вештините што ги поседувате, а кои се неопходни за таа позиција.