Скопски фаст фуд ресторан почнува необичен предизвик. Ако го изедете огромниот сендвич кој тие ќе го подготват, тогаш ќе ви исплатат 1500 денари. Ако не успеете, тогаш Вие ќе треба да им платите 500 денари. За јадење на бургерот имате време од 25 минути.
Станува збор за фаст фуд ресторанот Baking Bread Burgers кој го почна овој предизвик.
„Состав на бургерот..
5 плескавици, 10 парчиња кашкавал, 10 парчиња сланина,сос и салати.1 кило бургерот и 400 грама помфрит.“ – појаснуваат од ресторанот.
Еве го повикот:
Дечки, на ваше барање Monster Burger Challenge е повторно во игра
Правилата се следни :
Имате 25 минути да го завршите предизвикот. За тие што ќе успеат ќе го добијат бургерот гратис, брендирана маичка, 1500 денари ваучер и ќе биде запишан на нашиот wall of fame. Kој нема да успее ќе плати 500 денари.
Сите заинтересирани претходно да ни се најават на телeфон или во порака.Baking Bread Burgers