Луѓето кои бараат работа често наидуваат на некои големи препреки кои ги спречуваат да пронајдат нова или подобра работа. Затоа Анду Чан – експертот за развој на кариерата дава 10 одлични совети со чија помош многу полесно би требало да дојдете до работа.
1. Прашајте ги вашите пријатели и познаници кои се занимаваат со вработување или менаџирање да го прочитаат вашето CV и да ви дадат реална оценка за него.
2. Истите тие пријатели замолете ги да ве интервјуираат исто како на интервјуто за работа и да ви дадат оценка за тоа што сте го истакнале.
3. Кога на интернет ќе пронајдете интересен оглас за вработување, не одолговлекувајте, пријавете се веднаш. Обидете се веднаш да пронајдете пријатели, познаници или поранешни шефови кои ќе можат да ви дадат задоволителна препорака.
4. Бидете внимателни кога го испраќате вашето CV – треба да внимавате на кого му ги испраќате вашите лични податоци.
5. Кога испраќате CV, внимавајте тоа да биде точно, кога станува збор за вашето име, адреса, телефон и сл.
6. 80 проценти од вашето време, работата барајте ја во живо и бидете во интеракција со другите луѓе, а 20 проценти од времето задржете се на интернет. Личните контакти носат поголем успех.
7. Мора да бидете отворени за истражување на многу различни опции, бидејќи интересната прилика може да постои таму каде што никогаш не сте ја побарале.
8. Пресметајте ги вашите реални финансиски потреби и бидете отворени и за работата на која ќе бидете помалку платени, а сепак таа ќе ги задоволува вашите финансиски потреби.
9. Размислете дали некоја работа ќе биде само лоша замена за она што навистина го сакате (во иста или друга компанија), бидејќи секогаш постои можност дека ситуацијата на пазарот за труд ќе се подобри.
10. Иако, можеби сакате да дадете отказ и потполно да се посветите на барањето нова работа, размислете уште еднаш. Никогаш не се ставајте во несигурна ситуација да останете без работа се додека не најдете нешто за што навистина вреди да се ангажирате.
emagazin.mk