Без разлика дали станува збор за семејна дружба а или деловен ручек, сите знаеме да избегнуваме теми како што се политиката и религијата доколку сакаме да избегнеме расправии. Друга табу тема што може да биде уште понепријатна за луѓето се парите - конкретно, личните финансии.
Најголемо влијание врз ова има начинот на кој се разговара за пари во семејството. Многу родители мислат дека нивното финансиско знаење не е доволно добро за истото да го пренесат на своите деца. Како резултат на ова, децата слушаат за пари само кога има финансиски несогласувања или недостаток на пари во семејството.
Еве неколку причини зошто парите не треба да бидат табу тема
1. Зборување за пари ќе ја подобри врската со вашиот партнер
Нормално е да имате различни финансиски размислувања со вашиот партнер но разговорот за финансии може да отвори врати кон поголемо меѓусебно разбирање, наоѓање компромис и креирање подобра финансиска иднина.
2. Разговор со вашите деца за пари може да им помогне да развијат добри финансиски ставови и навики
Родителите треба да разговараат со своите деца за пари. Со ограничено финансиско образование во училиштата, децата се оставени да учат со примери од околината - без разлика дали од вас или од нивните врсници. Разговарајте со децата за вашите навики, поскапување на цените на одредени производи, финансиските проблеми што ги имате вие или луѓето околу вас (тежината на разговорот зависи од нивната возраст). Ова ќе има огромно влијание врз нивната способност да управуваат со сопствените финансии во иднина.
3. Не чекајте друг да започне разговор на оваа тема, вие бидете тие што ќе го скршат мразот
Само затоа што никој друг не зборува за пари, не значи дека се табу. Започнете да зборувате за тоа и ќе бидете изненадени од тоа колку другите се чувствуваат подобро што можат да ги споделат своите борби.
За повеќе финансиски совети следете го профилот на МОИ ФИНАНСИИ