Македонија и БиХ од регионот се меѓу земјите кои се далеку од посакуваните резултати
Изготвената вакциналана мапа на Европа може јасно да покаже како се движи вакцинацијата во земјите. За сега Зелени зони се Србија, Унгарија Данска и Исланд односно таму е вакцинирано над 20 одсто од населението. Во жолатата зона се Италија и Шпанија а тука некаде е и Грција чие население по укинувањето на рестрикциите на 15 мај, масовно почна да се вакцинира.Во оваа земја, вакцинирани се 16,7 проценти од населението, додека првата доза ја примиле 33%.
Во Италија се дадени 30 900 385 дози вакцини, а резултатот за имунизација изгледа вака: 35% од граѓаните ја примиле првата доза, а 16,9 и двете. Шпанија, која има 3 636 453 пријавени случаи, поради што оваа земја е под строги мерки и полициски час со месеци, има скоро ист резултат кога станува збор за вакцинација како и Италија – 34,7 граѓани ја примија првата доза, а 16,7 двете.
Интересна е состојбата во Шведска. Добро познатиот „шведски модел“ во борбата против коронавирусот, што подразбираше отсуство на карантин и мерки во вид на препорака, а не обврска, се чини дека не влијаеше значително на вакцинацијата во оваа земја. Двете дози на вакцината биле примени од 10,8% од населението, а една доза од дури 33,4%.
Македонија за сега е со 1,8 посто вакцинирано население со двете дози.