ФЗЦ 11 Октомври а.д. од Куманово денеска представува гигант не само во рамките на Р. Македонија и Балканот, туку и многу пошироко, како препознатливо име за производство на електро заварени цевки и профили со висок квалитет.
Фабриката е акционерско друшво со доминантен приватен капитал и има околу илјада вработени, од кои голем дел се акционери. Таа располага со поголем број на производни капацитети за производство на заварени члични цевки и профили скоро од сите видови и големини, како и нивна соодветна антикорозивна заштита, со што се вбројува како еден од најзначајните производители на овие производи во Југоисточна Европа и важи за сигурен партнер со долгогодишна традиција.
Работна позиција: Машиноводител на дизел – влечно возило
Работни задачи:
- управува со дизел –влечно шинско возило и се грижи за нивно одржување према упатство на производувачот
- одговорен е за техничка исправност, и за снабденост со гориво, мазиво и други средства за исправно возење
- работи на железничка маневра спрема упатство на диспечер и е должен да постапува спрема добиен распоред согласно сообраќајни прописи за вршење на железничка маневра
- одговорен е за направен и безбеден пат за водење за врема на железничка маневра и должен е да ги почтува сите сигнали спрема правилник за сигализација на железница
- врши и други работни задачи од својата стручност по налог на претпоставен
Потребни квалификации:
- Кандидати со работно искуство од 3 (три) години на иста позиција и/или
- Кандидати без искуство со завршено Средно образование - Соообраќајна струка тригодишно или четиригодишно образование ( возоводител или машиновозач за дизел или електрични влечни возила)
Личен профил:
- Тимска работа
- Желба за учење и напредување во работата
- Одговорност и прецизност во работењето