Британската консултантска компанија Cambridge Analytica која се најде во центарот на скандалот со злоупотреба на приватни податоци од неколку милиони Facebook корисници, ќе се затвори поради банкрот, јави денес BBC.
Компанијата беше обвинета дека ги искористила податоците за политички кампањи. Податоците од околу 87 милиони корисници на Facebook биле незаконски споделени со консултанти кои работеле за неколку политички кампањи, вклучувајќи ги и претседателските избори во САД.
Европската комисија исто така соопшти дека постои можноста податоците на околу 2,7 милиони корисници на Facebook да биде префрлени на незаконски начин до Cambridge Analytica. Компанијата ги загуби сите клиенти после скандалот и мораше да прогласи банкрот.
Портпаролката на компанијата, Кларенс Мичел изјавила за BBC дека компанијата во последниве неколку месеци била мета на неколку неосновани обвинувања и покрај обидите да ја реши ситуацијата.
Според неа, „активностите на Cambridge Analytica не само што не биле нелегални, туку се широко распространети во онлајн огласувања како во политички, така и во комерцијални цели.“
Од компанијата Facebook одбиле да ја коментираат веста за банкротот на Cambridge Analytica.