На компаниите од угостителството и туризмот им недостига 50% од потребниот кадар, пред сè келнери, рецепционери, готвачи и помошници готвачи, покажуваат резултатите од интерната анкета што ја спроведе Стопанската комора кај големите ресторански и хотелски капацитети кои се нејзини членки од кои голем број не беа и сè уште не се во функција.
Официјалната статистика покажува дека е минимално намален бројот на работници во угостителската дејност, односно околу 400 лица, но анкетата покажува дека падот на бројот на вработени е од 50 до 80% во зависност од објект до објект.
54 СЛОБОДНИ ПОЗИЦИИ ВО СЕКТОРОТ ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО - СИТЕ ОГЛАСИ СЕ НА ЛИНКОТ
Во 2020 година, според Комората, овој сектор доживеа целосен крах и во првите месеци од годинава сè уште има застој. Угостителството, како што велат, до 2019 година беше една од топ три најбрзорастечки индустрии во светот со годишен раст од над 10% и во просек секој трет вработен работеше во овој сектор. Во 2020 година, пак, двете студии што ги направиле заедно со другите комори покажале дека имало пад на прометот во угостителството и туризмот и до 80% и во него се загубени речиси 20.000 работни места.
“Ковид пандемијата ги измени досегашните потреби во угостителската дејност за составот на работниот кадар кој им е потребен во процесот на работењето. Предизвикот на отворање нови работни места дефинитивно е заменет со предизвикот како да се задржат постојните и евентуално да се пополнат испразнетите места со соодветен кадар“, рече Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на денешната прес-конференција.
Нагласи дека Комората во рамки на проектот Образование за вработување, што е поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка, подготви четири програми за двомесечни обуки за преквалификација и доквалификација за потребите на угостителскиот кадар за слаткар, готвач, пекар и келнер, пренесува МИА.
Целиот текст прочитајте го на biznisinfo.mk