Наз Бехести, поранешна асистентка на основачот на „Епл“, Стив Џобс, истакна како тој успеал да биде успешен. како успевал да биде продуктивен.
Бехести, која е велнес тренер и основач на велнес-компанијата Прананаз, истакна дека Џобс бил посветен на вежбање и дневни медитации. Како причина за неговата продуктивност, таа посочи дека тој работел првенствено на управување со енергијата, а не на управување со времето.
„Секако дека е добро да управуваме со времето. Но, за да го оптимизирате денот, да бидете попродуктивни и да не запаѓате во стапицата на продуктивноста, тогаш треба да управувате со енергијата “, посочи таа.
Таа ја објасни стапицата во продуктивноста како континуиран обид да се работи што е можно подолго, но дека цената на тоа е недостаток на сон.
„Тоа е нешто што го прават некои луѓе, дури и моите клиенти кога ќе ме контактираат за прв пат. Тогаш тие често велат: „Спиев само два часа“. Или велат: „Бев буден цела ноќ за да можам да го правам она што не го правев преку ден“. Но, дали работата е навистина продуктивна во ноќните саати кога треба да спиете, а потоа да го рестартирате вашето тело и ум? Секако дека не е, и затоа не се препорачува да се работи во текот на ноќта“, нагласи Бехести.
За да се избегне оваа стапица, предлага да го направи она што го правел Џобс, а тоа е лицето да обрне внимание кога има најмногу енергија во текот на денот.
„Работи кои обично ги избегнувате, кои ве предизвикуваат или не ве инспирираат да ги правите кога имате најмногу енергија. Прилагодете ја работата на енергијата, а не на времето. Сите имаме ист број на часови во текот на денот, но некои луѓе успеваат да направат многу повеќе од другите“, нагласи таа.
Бехести советува да се обидете да управувате со енергијата дури и кога се обидувате да управувате со стресот, но и општото здравје, пишува CNBC.