И додека цените на недвижнините растат во Македонија, во соседна Грција неколку години се поевтини за разлика од кај нас. Барем што се однесува во Солун, делот околу овој град, на полуостровот Хакидики и Олимписката регија.
Во самиот центар на Солун ќе најдете станови во добра состојба за околу 600 евра по квадрат. Ако сте подготвени да се согласите на приземје или дури сутерен, цената ќе биде три пати пониска околу 200 евра по квадрат. Состојбата е во просек таква што за околу 20-30 000 евра може да си купите сосема пристоен стан од околу 30-квадрати во Грција. Што и да одлучите, водете сметка и за правилата, кои се сепак правила на друга држава. Оние кои веќе поминале низ оваа авантура тврдат дека е подобро да се работи со агенти, бидејќи може да се случи пропратните трошкови за недвижнина слични на квадратурата да изнесуваат од 2000 до 5000 евра. Проценител во просек чини околу 70 евра, а адвокат околу 500. Не заборавајте дека мора да ангажирате и преведувач околу договорот, што е уште околу 100 евра. Кога е готово се во Халкидики би требало околу десет дена купената недвижнина да ја укнижите, но и таа процедура се разликува од место до место, па некаде може да потрае и до месец дена или подолго, а чини околу 0,6 одсто од вредноста на недвижнината. Да речеме сте купиле стан кој чини 30 000 евра и има 40 квадрати простор, еве што уште мора да планирате пред да подвлечете линија и ја добиете конечната цена. Ќе ве чини данокот на пренос на имот околу 900 евра, а исто толку чини и услугата за нотар. За преведувач уште 100 евра, за книжење 180, а за агенцијата уште 1000. Следи и трошок за приклучок на вода и струја што е околу 250 евра, и данок на имот околу 120 евра. За оваа недвижнина од примерот, ви се потребни речиси 4000 евра.
Но, доколку се работи за камп- приколка која би сакале да ја купите, цените и процедурите се далеку помали.
Во моментов, до она што може да се види на нашите сајтови за недвижнини, една солидна камп- приколка во добро познатото за нас место Платамона, на Голден бич 2 чини 10. 500 евра.
Еве како изгледа:
А, ако сепак се одлучите за камп- приколка во Охрид, (најчесто се продаваат тие во Градиште), цената изнесува 1.700 евра сосе инвентар.
Па одберете, дали сакате на езеро или на море?...
Фото: Релкама 5