Независната угостителска комора информира дека во првиот викенд, откако Владата по повеќе од 14 месеци дозволи да се организираат прослави со посебни протоколи, се организирани 100-тина веселби од ваков тип.
Од НУК информираат дека и покрај многуте нелогичности и пропусти во новите протоколи низ државава се организираа или е во тек организација на повеќе од 100 свадби и други веселби и рпослави.
Инаку НУК формираше сопствен регистар за свадби, прослави и веселби кој го става на располагање на сите угостители и угостителски објекти како и државни институции, комори, здруженија за да може да се исполнат барањата во точка 7 од протоколите за организирање на свадби, прослави и останати веселби.
извор: faktor.mk