На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови.
Времето денес ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени, извести УХМР.
Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за развој на нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во текот на цела недела ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Во следните денови локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Температурата значително нема да се менува.