Јавен повик за субвенционирање на вградување плински уреди во возилата денеска ќе објават од Министерството за економија. Мерката предвидува 11 милиони денари и околу 600 илјади граѓани.
Доколку од денес одлучите да вградите плин ќе може да добиете субвенции и да си повратите дел од средствата за 50 проценти
Сепак, овој вид субвенции нема да важи за возила постари од 2005 година а она што треба да го направите е да купите и вградите уред за за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во возилото по објавениот јавен повик.
Повикот според најавите ќе трае 60 дена и ќе се одвива по принципот „прв дојден прв услужен“.
извор: faktor.mk