Бројот на активни случаи се намалува секојдневно. Во моментов ниту едно заболено лице со ковид 19 нема во Пехчево, Дојран, Демир Капија и Богданци .Поголемиот дел од градовите имаат по едноцифрен број на заразени лица.
Во главниот град кој беше ковид жариште сега се регистрирани само 212 активни случаи.Покрај бројот на заразени што опаѓа се празнат и ковид центрите низ земјава.
Во Скопје во последните 24 часа нема хоспитализирано ниту еден нов ковид-пациент, епидемиолошката сотојба во државата се стабилизира и во моментов има вкупно 125 пациенти кои се лекуваат болнички, а околу 500 кревети се слободни.
Празни се и ковид-центрите во Кавадарци и Гевгелија, а во Битола во моментов се лекуваат седуммина, во Штип се хоспитализирани осум пациенти, на инфективното одделение во Тетово има два пациенти, во Велес се лекуваат 11 болни, во Куманово 15 пациенти, во Охрид има хоспитализирано седум пациенти, во Прилеп четири, во ковид-центарот во Гостивар осум, а во Струга четворица болни.
Вчера во земјава пристигнаа нови количини на вакцини донација од Турција. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.469, бројката на оздравени пациенти е 149.551, на починати е 5.467, а бројот на активни случаи изнесува 451.
извор: lokalno.mk