Туристичките работници се согласуваат дека оваа летна сезона ќе биде комплицрана, но велат дека мора да се почне. Граѓаните кои имаа уплатено со претсезонски цени, треба да знаат дека од 20 јуни веќе важат сезонските цени.
Туристичките агенции имаат полни раце работа и велат дека граѓаните полека се ослободуваат и резервираат летување. Оние кои имаат лански депозити си доплатуваат, најчесто за Грција за да ги искористат ваучерите, а интерес има и за Турција. И за двете земји, освен доказите за вакцини и негативните ПЦР-тестови, потребна е електронска пријава, која агенциите ја прават за сите оние кои ќе летуваат организирано. Во дел од агенциите се уште има место за јунски одмор, особено во хотелите и апартманите, но веќе се прават резервации и за јули и август.
Граѓаните полека се будат и желни се да патуваат. Бројот на резервации се зголемува а оние со лански депозити си доплаќаат. Пополнети се сите чартери за Турција, а во дел од студијата и хотелите во Грција, се уште има место. Дел од туристичките работници агенции сметаат дека летната сезона мора да почне, оти предолго биле затворени и не работеле.