Германија ја тргна Македонија, како и некои други држави од Балканот од листата на ризични земји за ширење на коронавирусот. Ова доаѓа како резултат на намалување на бројот на нови случаи во нашата земја.
Покрај Македонија, од листата се тргнат уште и Србија, БИХ, Косово и Црна Гора, кои не се третираат повеќе како земји од висок ризик за ширење на коронавирусто, објави Институтот „Роберт Кох“.
Отстранувањето од списокот на ризични земји го олеснува патувањето во оваа земја. Се очекува и другите земји да ја тргнат Македонија од листата. Во моментов Македонија е на листата на ризични земји на Холандија, па така за мечот со Холандија на ЕУРО 2020 година, репрезентацијата ќе патува само со фудбалери и стручен штаб.
извор: mk.tv21.tv