Која е приказната за оваа компанија?
Лабена е Словенечка компанија создадена од Ирена Лемут Чех од Љубљана а од 2012 година директорската позиција ја презема Борут Чех.
Иако дипломец по германски јазик сепак Ирена одлучува својата кариера да ја насочи во друг првец. А идејата за своја компанија ја добила за време на економската криза што ја погоди Југославија на почетокот на 90-тите. Денес, Лабена има повеќе од 75 вработени во канцеларии низ сите поранешни југословенски земји, ги продава своите услуги во многу делови на Европа и соработува со партнери ширум светот. Иако започнала со продажба само на високо-технолошка опрема, сега Лабена е исто така важен играч во областа на лабораториската анализа, фармацевтски производи и молекуларна биологија, обезбедувајќи услуги за развој и истражување на најголемите светски фармацевтски компании и здравствени институции.
Нивните главни активности се технолошки решенија од областа на лабораториска анализа во фармацевтската и прехранбената индустрија, каде соработуваат со најголемите светски компании. Основната дејност на компанијата е продажба на технолошките решенија и обука за истите. Имајќи свои претставништва во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија- Лабена се стреми да ја задржи позицијата на лидер на пазарот за оваа тематика.
Целта на компанија е да остане успешна и добро позната во областа на решенија и набавки на високо-технолошка лабораториска и процесна опрема и да инвестира во обуки и апликации во сите потребни области на прехранбената индустрија.
Од Лабена велат:
- Повеќе од 20 години ги следиме желбите на нашите клиенти и новите технолошки достигнувања на водечките светски производители. Ова и дава на компанијата добар увид во работата, а истражувањето во деловните процеси на крајните корисници, со кои тесно соработуваме во планирањето, ни овозможува секогаш да бидеме брзи и во тренд со опремувањето и обуката за работа со високотехнолошка опрема потребна за непречена и квалитетна работа на нашите клиенти.
Во 2008 година, како резултат на долгогодишниот развој на бизнисот, отворивме оддел за истражување и развој во рамките на компанијата, каде соработуваме во областа на развојот во телемедицината, медицината и фармацијата во соработка со разни факултети.
Нашата цел е да продолжиме да бидеме еден од водечките даватели на технолошки решенија на пазарот и, во согласност со потребите на нашите партнери и клиенти, да ја прошириме нашата понуда и со тоа да го прошириме нашето знаење и присуство на пазарите.
Токму заради нивната мисија и идеја за проширување Лабена претставништвото во Македонија, бараат претставници за продажба Во делот на Технолошки решенија за медицински лаборатори како и во делот технолошки решенија за прехрамбената индустрија.
Огласите за аплицирање се на овој ЛИНК.
Лабена има тесна соработка и со со хемиската индустрија, електронската индустрија, индустријата за железо, автомобилската индустрија, индустријата за бела техника, индустријата за гума, сегментот на анализи на метали, легури, почва и вода.