
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Ѓорче Петров, Кисела Вода и Сарај, соопштуваат од РЦУК – Скопје.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улиците „Корушка“ и „Драгутин Аврамовски Гуте“, како и дел од корисниците од улицата „Иван Цанкар“, Општина Ѓорче Петров.
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците дел од улицата „Џумајска“, Општина Ѓорче Петров, како и корисниците од улицата „Саса“ – подулици 18 и 32, Општина Кисела Вода.
Во периодот од 10:30 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од корисниците од село Шишево, Општина Сараj.