Учествувајте на најголемиот онлајн саем за вработување во Европа, кој и оваа есен, веќе 3-та година по ред, го организира Vrabotuvanje.com заедно со своите партнери од регионот: MojPosao - Хрватска, Poslovi Infostud - Србија, MojPosao.ba - Босна и Херцеговина и Deloglasnik - Словенија.
За разлика од еднодневните физички саеми, виртуелниот саем е активен 8 дена од 0 до 24 часот и е достапен преку сите (десктоп/мобилни) уреди.
Праксата од претходните години покажа дека отворениот пазар носи поголем интерес, подобри резултати и поголема продуктивност, па така во 2020 година, 80 работодавачи објавија 571 оглас, на кој пристигнаа 54.329 апликации, или во просек 95 апликации по оглас.
Вкупниот број на посети беше 549.018, од кои 108.657 беа од Македонија.
Придружете се на саемот кој на вашата компанија ќе и овозможи:
- директна комуникација со кандидати преку chat и видео повик
- претставување на компанијата пред голем број баратели на работа во една или повеќе земји
- учество на најголемиот Employer Branding настан – Досег до над 1.000.000 корисници / потенцијални кандидати – штанд на саемот, огласи и маркетинг кампања на подрачјето на Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина
- истакнување на предностите на вашата компанија како работодавач
- создавање на база на потенцијални кандидати за идни потреби на вашата компанија
Датум на одржување: Од 13. до 20. октомври 2021 година
Локација на саемот: https://regionalensaemzavrabotuvanje.com
За дополнителни информации, посетете ја веб страната на саемот или контактирајте не директно:
Каролина Апостоловска
(проект менаџер)
+389 77 983 837
karolina@vrabotuvanje.com.mk