Од МВР велат дека известувањето до сите држави го испраќа Министерстовото за надворешни работи, со допис до конкретните министерства на владите на државите и нивните амбасади, како и преку своите амбасади и дипломатски претставнишва низ светот. На тој начин веднаш се информираат граничните служби и полициски органи дека македонските пасоши се валидни и тогаш доколку на нив стои датум на важност по 31 јули 2020 година до денот на минување на границата, па сѐ до Нова година. Станува збор за патна исправа и по испратените дописи до државите од светот, македонските граѓани, кои патуваат, нема да имаат проблеми, велат од МВР.
Македонското Министерство за надворешни работи ги известува сите држави во светот дека важноста на македонските пасоши со поминат рок, поради проблемите што ги предизвика пандемијата, се продолжува до 31 декември годинава. Министерството за внатрешни работи постетува дека одлуката стапува на сила на 1 јули годинава, и дека таа се однесува на пасошите на кои рокот на важност им истекол по 31 јули минатата година.Граѓаните кои имаат пасоши чија важност е истечена по 31 јули минатата година со нив ќе можат да патуваат до крајот на годината. Во средата Министерството за внатрешни работи информираше дека важноста на тие пасоши се продолжува до 31 декември годинава, но и се нагласи дека донесената одлука ќе почне да се применува од 1 јули годинава. Одлуката, која е објавена во Службен весник, покрај на приватните пасоши, се однесува и на службените и на дипломатските патни исправи.
Од Министерството образложија дека измената на Законот за патни исправи е направена со цел да им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓани кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантинот и другите отежнати услови, во нашава земја, но и надвор од неа, во дијаспората, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи.
Од МВР известуваат дека поради пандемијата со коронавирусот многу наши државјани кои се наоѓаат низ светот биле оневозможени навремено да ги продолжат патните исправи, особено оние граѓани во држави или региони каде нема македонско дипломатско или конзуларно претставништво. Поради пандемијата, во многу делови од светот беа прогласени забрани за патувања, состојби на карантин или пак, имало граѓани кои поради болест или мерки на изолација во определени периоди не биле во можност да најдат начин како да ги продолжат своите патни исправи. Инаку, во вообичаени околности во македонските претставништва се добиваше патен лист доколку некој наш државјанин има проблем со патната исправа или пак му е украдена или загубена.
Граѓаните кои живеат во земјава, велат од МВР, имаа можност во изминатиот период од речиси една година, регуларно во пунктовите на министерството, кои работеа непрекинато, навремено да ја продолжат важноста на пасошите, како и на другите лични документи, но сепак донесената одлука се однесува на сите македонски државјани кои поседуваат пасош каде и да живеат.
На прашањето до МВР дали на некој граничен премин низ светот може да се случи наши граѓани да имаат проблем со пасошот на кој е впишан веќе поминат датум на важење, односно – како ќе бидат информирани властите на сите земји дека важноста на патните исправи е до 31 декември.