Од граничните премини меѓу нашата држава и Грција, од грчка страна, отворен е само преминот Евзони (Богородица).
На 1 јули ќе се отворат граничните премини Ники (Меџитлија) кон нашата земја и Кристалопиги кон Албанија, извести преку Фејсбук, градоначалникот на општина Преспа Панајотис Пасхалидис.
- Важна вест: Веродостојни информации дека од 1 јули одново и регуларно ќе почнат да работат граничните премини Кристалопиги и Ники, гласеше Фејсбук статусот преку кој извести Пасхалидис.
Од двете страни на границата, и од земјава и од Грција, локалното население, но и бизнисмените во изминатиот период бараа да се отвори граничниот премин Ники (Меџитлија).
Од граничните премини меѓу нашата држава и Грција, од грчка страна, отворен е само преминот Евзони (Богородица).
Министерската одлука која е последна за граничните премини и предусловите за влез во Грција, објавена во петокот е во сила до 26 јуни 2021 година.