Утре Скопје под посебен сообраќаен режим, доаѓа странска делегација
Министерството за внатрешни работи извести дека утре (среда), поради официјална посета на странска делегација на Република Македонија, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
За таа цел, МВР апелира до граѓаните – учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои што ќе ги издаваат полициските службеници.
Скопје утре е домаќин на економски форум на кој ќе се обрати премиерот Зоран Заев. Како гости се најавени албанскиот премиер Еди Рама, и еврокомесарот за додоброседска политика и проширување, Оливер Вархеји.