Усвоен предлогот за намалување на ДДВ-то за електрична енергија на домаќинства.
Усвоен предлогот на Министерството за финансии за намалување на ДДВ за електрична енергија за домаќинства, напиша министерот за финансии во објава на Фејсбук.
Како што наведува, според измените на Законот за данок на додадена вредност, ДДВ-то за електрична енергија се предлага да се намали од 18 на 5 отсто за период од 1 јули 2021 до 30 јуни 2022 и 10 отсто за период од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година.
-Целта е да им се помогне на домаќинствата во транзитниот период на либерализација на пазарот на електрична енергија и да се одржи пониска цена на струјата, потенцира министерот.
Извор: bankometar.mk