Дали го вклучувате мобилниот телефон веднаш штом ќе се разбудите? Дали откако ќе се вратите од работа времето го поминувате дома пред компјутер? Дали ги следите социјалните мрежи дури и додека патувате од работа кон дома? Доколку на овие прашања одговоривте потврдно, вие сте идеален кандидат за дигитална детоксикација.
Еве неколку насоки како да го изведете „чистењето“.
1. Научете да се забавувате и без вклучен монитор пред вас
Пронајдете некоја друга забава, на пример читајте книга, решавајте крстозбор или едноставно поминете некое време во тишина. Бидете благодарни за мирот и тишината и дајте му на мозокот шанса да се одмори барем неколку минути дневно.
2. Изгаснете ги сите светла кои ги имате во домот
Истражувачите од универзитетот Харвард докажале дека користењето на мобилниот телефон пред спиење може да го наруши лачењето на мелатонин, хормон кој го поттикнува сонот, а истовремено врши улога и на антиоксиданс во човековото тело, но и го стимулира имунитетот.
Краткиот и неквалитетен сон долгорочно може да предизвика сериозни здравствени проблеми. За да му помогнете на сопственото тело да го добие заслужениот одмор, обидете се тоа да го правите во мрак и исфрлете ги електричните уреди од вашата спална соба.
3. Намалете со виртуелните познанства
Фејсбук, Твитер, Инстаграм и другите социјални мрежи нè спојуваат со познаници и пријатели и ние стануваме дел од една дигитална заедница, но исто така тие се смислени неквалитетно да го трошат нашето слободно време.
Навистина е чудно како некој може да помине неколку часа разгледувајќи нечии фотографии, вести или објави. Затоа обидете се вака - следниот пат кога ќе се приклучите на некоја од социјалните мрежи, наместете го алармот да ѕвони за на пример 10 минути, а кога ќе се вклучи веднаш престанете и потоа излезете надвор на прошетка.
4. Поминувајте повеќе време на места каде што не е дозволено да се употребува мобилниот телефон
Тоа може да биде некое студио за вежбање, фитнес, зумба и слично, одете на базен, на јога, медитација или шетајте по манастири. Можете и да посетувате креативни работилници каде што рацете и умот ќе ви бидат зафатени со нешто друго наместо со мобилниот телефон.
извор: crnobelo.com